Во позитивна клима одржан нов круг од разговорите за Мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција
- Делегациите на Грција и Турција одржаа нов круг разговори од Мерките за градење доверба, а биле разгледани мерките планирани за оваа година и се дискутирало за спроведувањето на заеднички договорените активности во рамките на мерките за 2025 година, соопштија од Министерството за одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 7 ноември 2024 (МИА) – Делегациите на Грција и Турција одржаа нов круг разговори од Мерките за градење доверба, а биле разгледани мерките планирани за оваа година и се дискутирало за спроведувањето на заеднички договорените активности во рамките на мерките за 2025 година, соопштија од Министерството за одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Состанокот што се одржа вчера во Истанбул, поминал во позитивна клима, а на следната средба домаќин ќе биде Грција.
Во делегациите на двете земји учествуваат амбасадори, високи воени и други функционери од двете страни.
Разговорите за Мерките за градење доверба беа на помалку од 48 часа пред посетата на Атина на шефот на турската дипломатија Хакан Фидан и средбата со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис закажана за утре претпладне. ср/сд/