• недела, 22 декември 2024

Во Охрид дводневен гастрономско-едукативен настан со познатите имиња од светската и балканската гастрономија

Во Охрид дводневен  гастрономско-едукативен настан со познатите имиња од светската и балканската гастрономија

Охрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Во Охрид денеска и утре ќе се одржува гастрономско-едукативен настан во организација на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид, во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и Општина Охрид.

Овој настан, како што најавија од Факултет за Туризам и Угостителство - Охрид, на локалната гастрономска сцена ги носи познатите имиња од светската и балканската гастрономија како Изток Легат (Словенија), Уве Мишел (Германија), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска), Хамид Хаџиќ (БиХ) и Асан Даутовиќ (Македонија).

Тие ќе одржат теоретски и мотивациони предавања за студентите и пошироката јавност.

Утре, шефовите Драгица Лукин и Жељко Невен Бремец ќе одржат целодневен мастер клас во кујната на факултетот, каде што ќе демонстрираат техники за подготовка на слаткарски специјалитети и традиционални јадења од јагнешко месо. цр/вг/

Фото: Факултет за туризам и угостителство - Охрид

 

Остани поврзан