• среда, 27 ноември 2024

Во израелски напад врз Газа загинаа најмалку 30 лица

Во израелски напад врз Газа загинаа најмалку 30 лица

Газа, 19 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 30 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, според палестинските медиуми.

Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија, објавија денеска медиумите.

Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште за оружје лоцирано во зграда која претходно била користена како клиника.

Израелската армија започна нова копнена офанзива на северот на Појасот Газа на 6 октомври, повикувајќи до 400.000 цивили кои издржале една година војна да се преселат на југ.

Сепак, многу од луѓето, од кои некои веќе неколку пати беа раселени, го игнорираа повикот, велејќи дека израелската војска нападнала и во таканаречените безбедни зони на југ.

По неколкумесечниот ќор-сокак во индиректните преговори меѓу двете страни за договор за прекин на огнот, некои се надеваат дека убиството на водачот на Хамас, Јахја ал Синвар во Газа претходно оваа недела може да резултира со завршување на војната од страна на Израел, иако неговото раководство посочи дека не е планира веднаш да го стори тоа, забележува ДПА.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот се искачи на над 42.000, според здравствените власти во Газа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан