Во израелски напади врз Газа загинаа 23 лица, меѓу кои и деца
- Палестинските медицински служби соопштија дека најмалку 23 лица загинале во израелските напади врз Газа во текот на ноќта, меѓу кои три деца и нивните родители.

Газа, 25 март 2025 (МИА) - Палестинските медицински служби соопштија дека најмалку 23 лица загинале во израелските напади врз Газа во текот на ноќта, меѓу кои три деца и нивните родители.
Семејството беше убиено во напад на нивниот шатор во близина на јужниот град Кан Јунис.
Болницата Насер во Газа соопшти дека ги примила телата на членовите на тоа семејство, како и уште четири лица од два одвоени напади.
Во центарот на Газа, болницата Ал-Акса прими шест тела на луѓе убиени во три одделни напади, додека три лица беа убиени во напад на куќа во бегалскиот камп Нусејрат, според болницата Авда.
Пет лица загинаа во напад на станбена зграда во Газа, додека други 12 се повредени, потврди Министерството за здравство. мс/
фото: ЕПА