• четврток, 25 јули 2024

Во Етиопија при лизгање на земјиштето загинаа 146 луѓе

Во Етиопија при лизгање на земјиштето загинаа 146 луѓе

Адис Абеба, 23 јули 2024 (МИА) – Во Етиопија загинаа најмалку 146 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето, предизвикано од обилните дождови, соопштија локалните власти.

Потрагата по преживеаните е во тек и се стравува дека е поголем бројот на жртви.

Помеѓу настраданите во округот Кенчо Шача Гозди, јужна Етиопија има деца и една бремена жена. Пет луѓе се живи извлечени од калта.

Во Етиопија свлечиштата се вообичаена појава за време на сезоната на дождови, што годинава почна во јули и се очекува да трае до средината на септември. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан