Во Гостивар крстот од Вардар го извади Петар Димоски
- Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Петар Димоски. Овој дваесет и шестгодишен шумочувар беше еден од четриесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок од иницијативниот одбор, по што им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.

Гостивар, 19 јануари 2025 (МИА) – Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Петар Димоски. Овој дваесет и шестгодишен шумочувар беше еден од четриесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок од иницијативниот одбор, по што им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата со верници тргна од црквата и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. Годинава најмладиот учесник беше шестгодишниот Драган. Празнувањето на Водици продолжи на брегот на Вардар каде годинешните кумови ги послужија верниците кои учествуваа на годинешната единаесетта по ред манифестација од нејзиното обновување. зг/дма/
Фото: МИА