ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да говори за земјоделците
- СООПШТЕНИЕ -

28 јуни 2025
РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДС
Срамно е СДС да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците од страна на земјоделците поради неспособноста на тогашните власти.
Сведоци бевме на секојдневни протести и маршови низ улиците на Градско, Росоман, Прилеп, Ресен поради тоа што СДС немаше никаков план за помош за земјоделците.
Сега, после една година од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога земјоделците се приоритет после долги години, навистина е срамно СДС да зборува дека не се вложува во земјоделските гранки.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува земјоделците како никогаш до сега.
Исплатени се над 340 милиони денари субвенции кон 4.144 лица, исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 2.2 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Владата се грижи за земјоделците не со празни зборови туку факти и дела.
Во првиот квартал на 2025 во однос на првиот квартал 2024 во делот на откуп и продажба на земјоделски производи се забележува значителен раст, раст во делот на житата 42%, во делот на градинарството раст од 50%, делот на овоштарство и лозарство 12%, делот на сточарство е 13%, делот на млеко е 9% како и делот на живина и јајца е 63%.
Владата се грижи за земјоделците преку субвенции, директни плаќања и средства со програмата за рурален развој и тоа со 9 милијарди денари. 196 милиони евра се влезени кај 20 илјади семејства кои одгледуваат тутун. Преку откупот и субвенциите од државата има значителен раст во делот на извозот од 5%, односно во бројки - 163 милиони евра извоз, односно 11 милиони евра повеќе од лани.
Разликата е повеќе од јасна. Ние ја градиме Македонија на темелите на промените!
Апсурд е СДС да говорат за економија, истите кои народот го оставија со 150 денари на ден
Апсурд е СДС денес да говори за економија, бидејќи тие се истите кои го уништија животниот стандард, кои инфлацијата ја донесоа над 20%, кои го задолжија народот – јавниот долг во нивно време беше 65% од БДП.
Апсурд е СДС да зборува за плати и пензии, кога тие заборавија што значи зголемување на истите. Во нивно време единствено се зголемуваа цените во маркетите и сметките за струја, а платите – стагнираа.
Апсурд е СДС за зборува за економија, кога во нивно време дојдовме до раб на банкрот и платите во институциите доцнеа, или пак не се исплаќаа со месеци, а денес платите се добиваат на време како што доликува, а Македонија е 4-та економија во Европа.
И ја разбираме безидејноста на СДС, бидејќи како опозиција кога имате власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која зголеми пензии за 5000 денари, плати во образование, здравство, МВР и други институции, кога имате рекордни странски директни инвестиции од 1,2 милијарди евра за само 6 месеци, оперативен план во кој младите се главен план од 40 милиони евра, се градат истовремено 4 автопати, општините и бизнисите имаат поддршка над 500 милиони евра и поддршка економска и политичка од земја како Обединетото Кралство, нормално е да излагате со соопштенија и прес-конференции и да говорите невистини, бидејќи немате за што друго да зборувате.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги гради темелите на промените, а СДС нека се занимава со деструктивни соопштенија и прес-конференции.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.