• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги и манипулации уште долго ќе остане опозиција, учебници има, а електронскиот дневник функционира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги и манипулации уште долго ќе остане опозиција, учебници има, а електронскиот дневник функционира

Скопје, 4 септември 2025 

СДСМ со лаги и манипулации уште долго ќе остане опозиција, учебници има а електронскиот дневник функционира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Јованче Манасков од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

СДС не престанува да шири лаги и манипулации во јавноста и токму поради тоа уште долго ќе останат во опозиција.

За разлика од минатото кога тотално беше девалвирано образованието и немаше ниту учебници денес учебници и електронски дневник има.

Наместо небулозни тврдења и празни критики за реализираното, да ги потсетиме СДС дека 4 нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници ниту да го подобрат електронскиот дневник.

Денес за разлика од минатото и владеењето на СДС, учебници има за сите ученици. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици по кои недостасуваа седум години.

Новиот електронски дневник е развиен со финансиска поддршка од ЕУ преку ИПА програмата, тестиран е со крајните корисници и веќе се користи без проблеми. Системот опфаќа над 250 илјади активни корисници-наставници, директори, администратори, и класни раководители. Веќе се внесени повеќе од 90% од податоците за учебната 2025/2026 година. Над 15 илјади паралелки се креирани, а класните раководители внесоа над 3000 распореди. Податоците од старите системи се пренесени во новиот систем.

Функционалноста на е-дневникот дневник се проверува многу едноставно, од страна на било кој граѓанин, лесно можат и СДС да проверат наместо да шират лаги.

За разлика од минатото денес владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието и негово константно унапредување.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди раст на платите во образованието за над 12 проценти, нови училишта, спортски сали, изградбата на факултетските објекти и зголемени стипендии.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан