• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека станувало збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.

-По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, стои во соопштението. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан