ВМРО-ДПМНЕ: Владата посветено работи за Македонија да ја претвори во домаќин на три крстосници
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 2 ноември 2024
Изградбата на коридорите 8 и 10Д не се ништо ново во Македонија, тоа се проекти од стратешко значење за државата. Коридорите биле дел од предизборните и владините програми на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата многу долг период.
Тоа за што ВМРО-ДПМНЕ беше против, а и денеска е, да не се прават договори на штета на граѓаните и наместо за реализација на капитални проекти, народните пари да завршуваат во приватни џебови.
Завршувањето на народните пари во приватни џебови, место за реализација на капитални инфраструктурни проекти и патишта, беше одлика на седум годишно владеење на СДС.
Таков е и примерот со изградбата на коридорите, каде што во последните две години владеење на СДС за изградба на коридорите се потрошија околу 350 милиони евра пари на граѓаните, а на терен се немаше изградено ниту еден милиметар автопат. Работата тапкаше во место, а завршена беше експропријација на само неколку десетина парцели.
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт работните активности на терен веќе почнаа, а завршена е и експропријацијата на половина од парцелите низ кои ќе поминува трасата.
За разлика од СДС, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на тоа Македонија да ја направи домаќин на три раскрсници, а тоа е транспортна, железничка и енергетска раскрсница.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.