Владиниот Економски совет ќе одржи тематска седница за земјоделството
- Измените во Програмата за директни плаќања и во политиките за рурален развој, ќе бидат разгледани денеска од владиниот Економски совет.

Скопје, 8 јули 2022 (МИА) – Измените во Програмата за директни плаќања и во политиките за рурален развој, ќе бидат разгледани денеска од владиниот Економски совет.
- Седницата ќе биде тематска. Пред економскиот тим на премиерот ќе се дискутира само за земјоделството, само за конкретниот предлог за промени во делот на Програмата за директни плаќања и во делот на политиките за рурален развој, најави вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство пред членовите на Агро советот.лв/мд/