• сабота, 23 ноември 2024

Владата го усвои Националниот план за енергија и клима

Владата го усвои Националниот план за енергија и клима
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Владата денеска на седница го разгледа и усвои Националниот план за енергија и клима (НПЕК) на Република Северна Македонија, кој го покрива периодот од 2021 до 2030 година и го пропишува патот за остварување на целите до 2030 година.-Како и Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија, и НПЕК има сеопфатен пристап и ги опфаќа петте најважни димензии на Европската енергетска унија, односно декарбонизацијата (со два сегменти: емисии на стакленички гасови и обновливи извори на енергија), енергетската ефикасност, безбедноста во снабдувањето со енергија, уредувањето на внатрешниот пазар на енергија, и истражување, иновации и конкурентност во сферата на енергетиката и климатските промени, соопшти владината прес-служба. хс/цр

Остани поврзан