• среда, 02 октомври 2024

Благица Ласовска на Меѓународен форум на ПАБСЕК

Благица Ласовска на Меѓународен форум на ПАБСЕК

30 септември 2024

Шефицата на Делегацијата на ПАБСЕК во Собранието на Република Северна Македонија, Благица Ласовска, учествуваше на Меѓународниот форум на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), кој се одржа на 28 и 29 септември 2024 година, во Ризе, Република Туркије. 

На настанот присуствуваа учесници од парламенти на земјите членки на ПАБСЕК, високи државни претставници, универзитетски професори и претставници на ПАБСЕК. 

На отворањето на Форумот виртуелно обраќање имаше претседателот на Република Туркије,Таип Ердоган.

Во текот на состанокот, свои излагања имаа и: Асаф Хаџиев, генерален секретар на ПАБСЕК; Фатих Донмез, заменик-претседател на ПАБСЕК; Инсан Селим Бајдаш, градоначалник на Ризе и други.

Учесниците имаа можност да разменат мислења и продискутираат за прашања поврзани со темата на Форумот: Логистика и транспорт во Црноморскиот регион.

Во овој контекст, особено беше потенцирана важноста на ПАБСЕК дека како парламентарна компонента на Црноморската економска соработка, ги зближува претставниците на националните парламенти на земјите членки при јакнење на партнерството во Регионот, со неговата работа ја истакнува важноста на добрите односи на билатерален и мултилатерален план.

Собрание на Република Северна Македонија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан