• сабота, 23 ноември 2024

Верстапен казнет со пет места на стартот на неделната трка за Големата награда на Бразил

Верстапен казнет со пет места на стартот на неделната трка за Големата награда на Бразил

Сао Паоло, 1 оември 2024 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доби казна од пет места за неделната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1, соопшти ФИА.

Холандскиот возач на Ред Бул е казнет поради промена на моторот. Тоа ќе биде втора ваква казна за лидерот во генералниот пласман во сезоната, откако правилата им дозволуваат на возачите да менуваат мотори до четири пати на сите 24 старта.

На „Интерлагос“ ваквата казна не се смета за особен проблем, бидејќи патеката во Сао Паоло е полесна за претекнување. 

Сепак, казната на Верстапен ќе му даде дополнителна шанса на фаворитот на Мекларен, Ландо Норис. Со четири старта до крајот на сезоната и вкупно 120 бодови за освојување, Британецот е со 47 зад Верстапен во поредокот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан