• вторник, 14 јануари 2025

Венецуела ја обвинува опозицијата за координирани напади врз дипломатски објекти во пет земји

Венецуела ја обвинува опозицијата за координирани напади врз дипломатски објекти во пет земји

Каракас, 14 јануари 2025 (МИА) – Венецуелскиот министер за надворешни работи Иван Гил ги обвини противниците на претседателот Николас Мадуро дека се поврзани со оштетувањето на венецуелски дипломатски објекти во пет земји.

Гил оцени дека вандализмот бил координиран од народни групи наречени „командитос“, што значи „мали командоси“, но не даде никакви докази за неговите тврдења.

„Командитоси“ беа формирани од опозицијата за да се зголеми излезноста на гласачите во Венецуела.

Мадуро пред само три дена положи заклетва и стана претседател трет пат по ред и покрај веродостојните докази дека претрпе пораз на минатогодишните избори, пренесе Бета.

Гил ги повика властите на Португалија, Германија, Шпанија, Колумбија и Костарика да ја забрзаат истрагата „за да се пронајдат одговорните и да се обезбеди интегритетот на венецуелските објекти“.

Тој не прецизираше кога се случиле наводните вандалски акти.

Главната опозициска коалиција во земјата засега не ги коментира обвинувањата на министерот за надворешни работи на Венецуела.

Полицијата во Лисабон, главниот град на Португалија, истражува напад со мала запалива направа врз тамошниот конзулат на Венецуела, кој предизвика мала штета на фасадата на зградата.

Португалското Министерство за надворешни работи за вчерашниот напад соопшти дека тој чин „не може да се толерира“ и соопшти дека безбедноста околу конзулатот е зголемена.

Португалија има најголема имигрантска заедница во Венецуела по Бразил. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан