• сабота, 21 декември 2024

Велковски: Со домаќинско работење и без крадење пензионерите ќе добијат реално покачување по 8 мај

Велковски: Со домаќинско работење и без крадење пензионерите ќе добијат реално покачување по 8 мај

Скопје, 8 март 2024 

„Остануваме на ветувањето дека со следната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите ќе добијат 5.000 денари линеарно покачување. Средства ќе се најдат. Буџетот е како сопствениот буџет дома во семејството, ако треба за нешто да се даде допринос, да се интервенира, во тој случај си правиш добар план, заштедуваш и ги насочуваш парите таму каде што треба. Истото станува збор и тука со пензионерите. Со домаќинско работење со буџетот, да нема крадење како што беше досега бидејќи буквално го покрадоа буџетот овие што се на власт, тогаш релокацијата на средствата во делот на зголемување на пензиите може да биде реален и ќе биде реален и остварен после 8 мај“, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Тој уште еднаш го истакна фактот дека моменталното покачување од 5% како што го нарекува власта, е само статистичко порамнување на пензиите и овде политичарите треба да бидат искрени без да ги лажат пензионерите.

„Тоа статистичко порамнување знаеме дека денеска инфлацијата во Македонија статистички покажува дека е 14% официјално, меѓутоа реално гледаме дека е многу многу повеќе и допрва расте. Пред 4-5 дена ги тргнаа замрзнатите цени на производи и веднаш на пазарот и во маркетите цените отидоа повторно нагоре. И сега да се навратиме дека 5% е само порамнување и тука треба да бидеме искрени. Што е најважно, пензионерите знаат. Во комуникација со нив велат дека знаат точно секој еден денар од каде е, зошто им се дава и каде треба да заврши, знаете дека они се прецизни. Уверен сум дека пензионерите ќе добијат покачување, вистинско а не вакво како сега“, додава Велковски.

 

Министерство за труд и социјална политика

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан