• сабота, 23 ноември 2024

Борел: Израел предизвикува глад во Газа

Борел: Израел предизвикува глад во Газа

Брисел, 18 март 2024 (МИА) - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Израел предизвикува глад во Газа и го користи гладот ​​како оружје во војната, а ова обвинение експресно го отфрли израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.

-Луѓето во Газа веќе не се на работ на глад, туку во состојба на глад и илјадници луѓе се погодени, рече Борел на отворањето на конференцијата за хуманитарна помош за Газа во Брисел.

„Ова е неприфатливо. Гладувањето се користи како воено оружје. Израел предизвикува глад“, прецизира Борел.

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во одговор на нападот го повика Борел „да престане да го напаѓа Израел и да го признае нашето право на самоодбрана од злосторствата на Хамас“.

Тој во објава на X кажа дека Израел дозволил „масовна хуманитарна помош во Газа по копно, воздух и море за секој што сака да помогне“, но дека помошта била „насилно попречена“ од милитантите на Хамас во „соработка“ со УНРВА. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан