• четврток, 07 ноември 2024

Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата

Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) – Возач од битолското село Средно Егри вчера починал на местото на несреќата откако управувајќи патничко возило изгубил контрола и излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-На 31.05.2024  во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на село Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, стои во соопштението од МВР.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.ар/вј/

Фото:МИА архива

Остани поврзан