Реакција на ВМРО-ДПМНЕ нна прес-конференцијата на СДСМ
- СООПШТЕНИЕ - СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно, валкањето имиња со криминалци е опсесија на Филипче, тоа е исто како да кажеме Филипче, Штекли и Шеваљ дилаат дрога.
22 јануари 2025
СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно, валкањето имиња со криминалци е опсесија на Филипче, тоа е исто како да кажеме Филипче, Штекли и Шеваљ дилаат дрога
СДС бранат криминал и го напаѓаат Томовски зошто заштедил на државата пола милион евра. СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно.
Споменатото лице не е роднина на Томовски.
Што се однесува до споменувањето на некои лица коои се поврзани наводно со криминал, а се доведени во конотација со Томовски, тоа е исто како ние да кажеме дека на Филипче роднина е Раде Штекли и зошто го штител, и дали заедно дилале дрога. Но, очигледно за СДС, не е проблем да продолжат како до сега да лажат и да штитат криминалци, и за разлика од СДС, ние не шпекулираме туку се служиме со факти и прашуваме. Го прашуваме Пеце Мирчевски екс директорот на СОЗР, каде оделе половина милион евра годишно или за 6 години 3 милиони евра кои сега Томовски ги заштедува, дали е точно дека завршувале кај тандемот Зечевиќ Ковачевски, претходно кај Заев, а дел во партиската каса?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.