Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл
- Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска имаше средба со в.д. шефот на мисијата во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на
![Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл](https://mia.mk/index.php/images/20221113234847_big_730x400_33.webp )
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска имаше средба со в.д. шефот на мисијата во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл на која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.
Преку УСАИД - Агенцијата за меѓународен развој на САД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на конкурентноста, поефикасна работа на јавната администрација и подобрување на деловното опкружување, реформите во областа на правдата, борбата против корупцијата, односно континуирана поддршка во реализацијата на реформската агенда на нашата земја.
-Северна Македонија и САД се стабилни стратешки партнери во заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, посочуваат од владината прес-служба. вј/са/
![Средба Битиќи Дајбл Мејер](/articles/images/%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%9c%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d1%80%d0%b5%d/RYXJ8J1fK/placeholder.webp?use_watermark=0)