• четврток, 25 јули 2024

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Куманово, 25 јули 2024 (МИА) - Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане.

-На пожарот кој се случил вечра интервенираа противпожарна екипа со двајца пожарникари и возило, тројца припадници на полициската станица Старо Нагоричане и десет мештани од селото, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Од РЦУК Куманово информираат дека причина за пожарот е гром. Пожарот избувнал во 16: 20 часот, а бил изгаснат во 20:15 часот. ам/сст/

фото МИА архива
 
 
 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан