• петок, 26 јули 2024

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

Стразбур, 17 мај 2024 (МИА) – На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан