Без струја утре дел од општините Аеродром и Студеничани
- Без електрична енергија утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Без електрична енергија утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Архитект Сатор Томовски“, „Ѓорѓе Андреевиќ – Кун“ број 26 и „Ѓуро Малешевец“ во Општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје. мд/сст/
Фото: МИА архива