• среда, 12 март 2025

Продолжува промената на уличните светилки во Велес 

Продолжува промената на уличните светилки во Велес 

Велес, 11 март 2025 (МИА) - Екипите на „Македонски Телеком“ активно работат на терен, каде во тек е промена на украсните канделабри на мостот „Гемиџии" и во паркот кај ООУ „Васил Главинов" во Велес. Уличното осветлување се менува од жолтите неефикасни во лед економични светилки, информираат од Општина Велес.

Воедно најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредните денови согласно предвидената динамика за промена на целокупното улично осветлување во градот и сите населени места во Општина Велес. ад/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан