• сабота, 27 јули 2024

Без вода за пиење дел од жителите на центарот на Кичево

Без вода за пиење дел од жителите на центарот на Кичево
Кичево, 21 февруари 2022 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Ослободување“ во Кичево, без вода неколку часа се дел од жителите во центарот на градот. Од комуналното претпријатие  информираа дека нивни екипи се излезени на терен и најавуваат отстранување на дефектот во текот на попладнето. -Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Ослободување“ во близина на експозитурата на НЛБ Тутунска банка денес без вода за пиење останаа дел од жителите на булеварот „Ослободување’, улицата „Тане Цалески“ и други. Екипи на комуналното претпријатие утринава излегоа на местото на дефектот и работат на негово отстранување. Се очекува во текот на попладневните часови, дефектот да биде отстранет, а жителите од овој дел на градот да имаат редовно водоснабдување, истакна Рајна Алексоска од ЈКП „Комуналец“. за/бак/  

Остани поврзан