Без вода дел од корисниците на Чаир
- Корисниците од улиците „Ферид Заири“ и „Браќа Реџепагиќ“ во Чаир денеска од 9.15 часот ќе немаат вода поради уличен дефект Ф-100 мм на ул. „Ферид Заири“ бр. 29.

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Корисниците од улиците „Ферид Заири“ и „Браќа Реџепагиќ“ во Чаир денеска од 9.15 часот ќе немаат вода поради уличен дефект Ф-100 мм на ул. „Ферид Заири“ бр. 29.
ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот. хс/дма/
Фото: МИА архива