• петок, 04 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кој закон е прекршен со набавката во Министерството за дигитализација

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кој закон е прекршен со набавката во Министерството за дигитализација

Скопје, 31 март 2025

СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација?

Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките?

Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега.

Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше.

Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините.

СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан