Без вода дел од корисниците на ул. „Скупи“ во Карпош
- Корисниците на дел од улицата „Скупи“ во општина Карпош денеска од 9.40 часот ќе немаат вода поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата, во близина на маркетот Тинекс.

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Корисниците на дел од улицата „Скупи“ во општина Карпош денеска од 9.40 часот ќе немаат вода поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата, во близина на маркетот Тинекс.
ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од крак 3, 5, 7, 9 и 11 на ул. „Скупи“ кое ќе трае до завршување со работните активности. хс/дма/
Фото: МИА архива