• четврток, 25 јули 2024

Бајден ќе и се обрати на нацијата

Бајден ќе и се обрати на нацијата

Вашингтон, 24 јули 2024 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата од Овалната соба и ќе ја образложи минатонеделната одлука за откажување од претседателската трка минатата недела.

Бајден на Икс објави дека ќе зборува за „тоа што претстои и како ќе ја завршам работата за американскиот народ“.

Бајден во своето обраќање до нацијата ќе инсистира дека има уште работа и покрај неговата историска одлука да се повлече од трката за реизбор.

Говорот, кој се очекува да трае осум до десет минути, ќе биде прв откако Бајден откако се повлече од трката во неделата по неколкунеделниот притисок по дебата со Доналд Трамп.

Републиканците го повикаа Бајден целосно да се повлече, истакнувајќи дека ако не е способен да се кандидира за реизбор, тогаш не е способен да ја извршува функцијата претседател. ми/

фото: Икс

Остани поврзан