• сабота, 23 ноември 2024

Бајден ќе излезе на рано гласање на изборите во САД

Бајден ќе излезе на рано гласање на изборите во САД

Вашингтон, 28 октомври 2024 (МИА)  - Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека денеска ќе излезе на рано гласање на претседателските избори, соопшти Белата куќа.

Изборните прописи во САД им дозволуваат на многу Американци да гласаат однапред, пред денот на изборите, 5 ноември.

На почетокот на оваа година Бајден одлучи да се повлече од претседателската трка и ја препушти кандидатурата на Демократската партија на потпретседателката на САД Камала Харис, која сега се натпреварува со републиканскиот претседателски кандидат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Последните анкети покажуваат дека Трамп и Харис водат многу неизвесна изборна трка, особено во седум сојузни држави, од кои Пенсилванија се смета за најважна.

Седум дена пред претседателските избори во САД, најмногу внимание е насочено кон резултатите во Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Аризона, Северна Каролина и Невада. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан