• вторник, 01 октомври 2024

Бајден се противи на евентуална израелска копнена операција во Либан

Бајден се противи на евентуална израелска копнена операција во Либан

Вашингтон, 30 септември 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден нагласи денеска дека се противи на израелските копнени операции во Либан и повика на прекин на огнот, откако тензиите се зголемија по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

„Сакам да престанат. Сега треба да имаме прекин на огнот“, им рече Бајден на новинарите кога беше прашан дали знае за извештаите за израелските планови за ограничена копнена операција. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан