• сабота, 21 декември 2024

Османи му честита на Руте: Со нетрпение очекувам да соработувамe за унапредување на Косово во НАТО

Османи му честита на Руте: Со нетрпение очекувам да соработувамe за унапредување на Косово во НАТО

Приштина, 1 октомври 2024 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи му честита на Марк Руте за преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО, порачувајќи дека со нетрпение очекува да соработува со него за унапредување на позициите на Косово во Алијансата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи на социјалната мрежа „Х“ напиша дека верува оти, под водство на поранешниот холандски премиер, партнерството и соработката меѓу Косово и НАТО „ќе се зајакнат уште повеќе“.

„ Честитки до Марк Руте кој официјално ја презеде функцијата како нов генерален секретар на НАТО! Уверена сум дека под негово водство, нашето партнерство и соработка ќе се зајакнат уште повеќе. Со нетрпение очекувам да соработувам за гарантирање на долгорочен мир и безбедност во регионот и унапредување на патот на Косово кон НАТО. Срдечна благодарност до Јенс Столтенберг за неговото служење и лидерство, посакувајќи му се најдобро во неговите идни ангажмани“, се вели во пораката на Османи. иа/

Остани поврзан