• понеделник, 23 декември 2024

Галант го информирал Остин за нападите врз цели на Хезболах

Галант го информирал Остин за нападите врз цели на Хезболах

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант соопшти дека разговарал со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за „случувањата во северниот дел на Израел и мерките потребни за да се обезбеди безбедно враќање на северните заедници на Израел во нивните домови“.

- Се согласивме за важноста од демонтирање на инфраструктурата за напади долж северната граница за да се спречат нападите на Хезболах врз израелските граѓани. Го информирав секретарот за локализираните и насочени напади што ИДФ ги почна во текот на ноќта против цели на Хезболах, напиша Галант на Х.

Тој додаде дека „операциите се надоврзуваат на тековните мерки преземени за елиминирање на раководството на Хезболах и за намалување на офанзивните способности на Хезболах“.

- Разговаравме и за тековните закани од Иран и неговите полномошници во Ирак, Јемен и Сирија. Истакната е важноста на положбата на силите на САД и интероперабилноста на американските и израелските одбранбени способности, додаде Галант. јт/

Остани поврзан