Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане
- Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач.
Минхен, 1 јули 2020 (МИА) - Спортскиот директор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ ги негираше информациите на „Билд“ дека е договорен трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити, но призна дека преговорите се во тек.
- Имаме плодни разговори со претставниците на Сане и Сити. Но, ние мора да бидеме трпеливи, во моментов нема што друго да кажам, изјави Салихамиџиќ за официјалната веб-страница на Баварците.
Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач.
Менаџерот на граѓаните, пеп Гвардиола веќе призна дека Сане одбивал повторно да потпише со „небесносините“.