• среда, 12 март 2025

Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ

Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ

Минхен, 27 ноември 2024 (МИА) - Берн Минхен синоќа го совлада Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите и ја продолжи серијата без пораз во европските купови.

Тимот од Минхен е непоразен на 33 последователни натпревари на домашен терен: 31 победа и 2 нерешени, што е најдолга низа во историјата на турнирот. 

Баерн го израмни рекордот на Барселона во 33 последователни натпревари на домашен терен поставен во 2009 и 2020 година.

Со девет освоени бодови Баерн се искачи на 11. место во поредокот. ПСЖ падна на 26. место (4 бода). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан