• среда, 12 март 2025

Елмас во „тимот на колото“ во Серија А

Елмас во „тимот на колото“ во Серија А

 

Рим, 11 март 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се најде во идеалниот тим на колото во италијанската Серија А, откако изминатиот викенд го постигна својот трет гол во четвртиот натпревар во дресот на Торино.

Торино во сабота одигра нерешено 2-2 на гостински терен против Парма во рамки на 28 коло во италијанското првенство, а Елмас беше стрелец на воведниот гол на дуелот.

За македонскиот репрезентативец тоа беше трет гол во Серија А, откако во јануари дојде во редовите на Торино како позајмен фудбалер од Лајпциг.

Елмас постигна гол и во минатото коло во гостинската победа на Торино над Монца (2-0), како и во поразот на неговиот тим на гостувањето во Болоња (2-3) на средината од минатиот месец.

Торино е на 11 место на табелата со 35 бодови пред следниот прволигашки дуел против Емполи на домашен терен на 15 март. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан