• сабота, 23 ноември 2024

Ахмед: Истече рокот на бунтовниците, етиописката војска подготвена за акција

Ахмед: Истече рокот на бунтовниците, етиописката војска подготвена за акција
Адис Абеба, 17 ноември 2020 (МИА) - Етиопскиот премиер Абиј Ахмед денеска предупреди дека истече тридневниот рок што им беше даден на бунтовниците во Тиграј да се предадат и го најави последниот напад врз регионалниот главен град Мекеле. Бунтовничките сили ја ракетираа и соседна Еритреја, тврдејќи дека армијата на земјата интервенирала во воени операции што се закануваат да го дестабилизираат Рогот на Источна Африка. Стотици луѓе од двете страни ги загубија своите животи во досегашните борби, а 25.000 бегалци избегаа во Судан. Предупредувањето на премиерот Ахмед е испратено по „хируршки прецизно изведен воздушен напад врз позициите на бунтовниците во предградијата на главниот град Тигар“, соопшти кризниот штаб на Владата во Адис Абеба. „По истекот на рокот од три дена за предавање на бунтовниците, последниот акт за спроведување на законот ќе следи во наредните денови“, објави етиопскиот премиер на својот Фејсбук профил. Од бунтовничкиот табор нема коментари за најавите на етиопската Влада, но можно е бунтовниците да се повлечат во недостапните, планински области на Тиграј пред најавената офанзива на етиопската армија. паг/    

Остани поврзан