• петок, 23 август 2024

АТП најави нов турнир во Белград

АТП најави нов турнир во Белград

Белград, 21 август 2024 (МИА) - Во Белград годинава ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП.

Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога. Во главниот град на Србија ќе се одржува најмалку две години.

Натпреварувањето првично требаше да се одржи во Хихон, Шпанија, но е одложено поради „непредвидени оперативни проблеми“. 

Сите други турнири закажани за 2024 година остануваат непроменети. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан