ЖРК Делчево ги стартуваше подготовките за новата сезона
- Женскиот ракометен клуб Делчево ги започна подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Велков информираше дека тренинзите се одвиваат во два термини претпладне и попладне.

Делчево, 22 август 2024 (МИА) - Женскиот ракометен клуб Делчево ги започна подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Велков информираше дека тренинзите се одвиваат во два термини претпладне и попладне.
- Припремите се во тек, претпладне имаме фитнес вежби во новата современа фитнес сала, а попладне тренираме на отворено и во спортската сала „Ванчо Прке“, истакна Велков.
Оваа натпреварувачка сезона делчевки ќе се натпреваруваат во кадетската женска лига при Ракометната федерација на Македонија.
- Овие спортски активности се од круцијално значење за понатамошниот тек на подготовките. Се надеваме дека и оваа година ќе се бориме за висок пласман во кадетската лига, додаде Велков.
Претходно ракометарките учествуваа на летен камп во Грција. вс/зс/
Фото: МИА