Манчестер Сити го доби дербито со Арсенал, но го загуби Родри
- Премиерлигашот Манчестер Сити во дербито оствари победа од 2:1 против Арсенал и на тој начин се доближи на три бода и натпревар помалку зад лидерот
Манчестер, 20.април 2026 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Сити во дербито оствари победа од 2:1 против Арсенал и на тој начин се доближи на три бода и натпревар помалку зад лидерот. Но, менаџерот Пеп Гвардиола се соочува со проблем во пресрет на последните шест натпревари од Премиер лигата.
Играчот од средината на теренот Родри поради повреда на препоните во 88.минута го напушти теренот. Инаку, фудбалерот изминатиов период имаше и повреда на лигаментите на коленото.
- Не знам колку долго Родри ќе отсуствува. Докторот изјави дека во прашање е повреда на препоните, а ќе биде познато по направените тестови, изјави Гвардиола.
За тежината на повредата ќе се знае по деталните лекарски прегледи.
Родри сезонава пропушти 11 првенствени натпревари.
Манчестер Сити во среда игра првенствен натпревар на гости против Барнли. мн/
Фото: ЕПА