• вторник, 21 април 2026

Кузманоски го објави списокот играчи за Светското училишно првенство во Скопје

Кузманоски го објави списокот играчи за Светското училишно првенство во Скопје

Скопје, 20.април 2026 (МИА) – Селекторот на машката македонска ракометна репрезентација Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за настап на светското училишно првенство во период од 21-29 април 2026 година што ќе се игра во Скопје.

Повикани се следниве ракометари: Атанасиј Труснов, Мели Фехми (голмани); Тома Симоновски, Андреј Георгиев, Лука Јовиќ (крила), Горазд Дамчевски, Марко Ѓорчевски, Петар Николовски, Трајче Костов, Давор Крстески, Стефан Ѓорѓиевски, Бобан Поповски (бекови), Ѓорѓи Лешниковски и Кристијан Вујичевски (пикери).

Македонските малди ракометари се во групата А со селекциите на: Грузија, Саудиска Арабија, Бугарија и Република Српска.

Свеченото отворање на шампионатот ќе се одржи утревечер со почеток во 19:30 часот.    мн/

Фото: РФМ

Остани поврзан