• петок, 23 август 2024

Хамес ќе го засили Рајо

Хамес ќе го засили Рајо

Мадрид, 22 август 2024 (МИА) - Хамес Родригез е близу до трансфер во шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано.

Колумбиецот веќе пристигна во Мадрид, каде очекува комплетирање на трансферот.

Минатата сезона Хамес играше за Сан Паоло. 33-годишниот играч од средниот ред го раскина договорот со бразилскиот клуб и ќе се префрли во новата средина како слободен агент.

Во Шпанија, Родригез играше за Мадрид Реал. Настапи на 125 натпревари за „Кралевите“, постигна 37 голови и 42 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан