• петок, 23 август 2024

Антонели ќе го замени Хамилтон на првиот тренинг во Монца

Антонели ќе го замени Хамилтон на првиот тренинг во Монца

Лондон, 22 август 2024 (МИА) - Тимот на Мерцедес планира да го замени Луис Хамилтон со Андреа Кими Антонели на првиот тренинг на Големата награда на Италија во Монца.

„De Telegraaf“ објави дека Мерцедес ја донел конечната одлука 17-годишниот тркач да биде свој возач за следната година.

За Антонели учеството на првиот тренинг на Италијанското ГП ќе биде деби на трките од Формула 1 викендот. Претходно, тој учествуваше на тестовите на Мерцедес на автомобили од претходните години.

Хамилтон ќе го напушти Мерцедес на крајот на сезоната и ќе премине во Ферари.

Големата награда на Италија ќе се вози од 30 август до 1 септември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан