• среда, 21 август 2024

Аргентина стави брод во карантин поради сомневање за појава на мајмунски сипаници

Аргентина стави брод во карантин поради сомневање за појава на мајмунски сипаници

 Буенос Аирес, 21 август 2024 (МИА) - Аргентинските власти ставија брод на реката Парана, во близина на градот Росарио, во карантин поради сомневање за појава на мајмунски сипаници, објавија локалните медиуми.

Бродот плови под знамето на Либерија, објавија медиумите во Аргентина, повикувајќи се на поморски извори.

Капетанот на бродот, наводно, пријавил дека на лице со „симптоми компатибилни со вирусот“ му е потребна медицинска помош и се чекаат резултатите од тестот.

Аргентина досега има потврдено осум случаи на Мпокс, вирусна инфекција што предизвикува гнојни лезии и симптоми слични на грип. зш/
фото Принтскрин

Остани поврзан