Анчелоти за неговата иднина во Реал: Сè е можно во фудбалот, ми се допаѓа оваа работа, но само ќе им се заблагодарам на сите ако не останам
- Тренерот Карло Анчелоти одговори на прашање за неговата иднина во Реал Мадрид.

Мадрид, 22 април 2025 (МИА) – Тренерот Карло Анчелоти одговори на прашање за неговата иднина во Реал Мадрид.
- Сè е можно во фудбалот. Јас нема да се одмаздам на никого во случај на отказ. Ми се допаѓа оваа работа, сакам да продолжи што е можно подолго. Но, ќе им се заблагодарам на сите ако ме отпуштат, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид кој неодамна беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, се врти кон домашното првенство и купот.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Италијанецот во многу скоро време ќе замине во Бразил и ќе стане нов селектор на „Кариокките“. зс/
Фото: ЕПА