• сабота, 06 декември 2025

ТНС ги обвини навивачите на Шкендија за расистички навреди

ТНС ги обвини навивачите на Шкендија за расистички навреди

Лондон, 17 јули 2025 (МИА) - По елиминацијата од страна на Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, велшкиот клуб ТНС се пожали на расистички навреди од навивачите на тетовските „црвено-црни“.

- Силно и недвосмислено ја осудуваме расистичката навреда упатена кон Арамиде Отех од страна на припадник на домашната публика по завршувањето на вечерашниот натпревар од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите на УЕФА против КФ Шкендија.

Апсолутно нема место за расизам - ниту во фудбалот ниту во општеството. Сите во клубот му нудат целосна поддршка на Арамиде и цврсто стојат покрај него.

„Њу Сејнтс“ се горди што ја поддржуваат кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и вклученост и на теренот и надвор од него, стои во соопштението на ТНС.

Шкендија синоќа го победи ТНС со 2:1 по продолженија и се пласира во втората квалификациска рунда на Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан