• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски: Во моментов не гледам причина за нова лидерска средба со Филипче

Мицкоски: Во моментов не гледам причина за нова лидерска средба со Филипче

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања.

Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, Филипче.

-Па добро често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба не гледам зошто да не би ја организирале. Но, во моментов не гледам таква причина, зошто би организирале лидерска средба, уште една, вели Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа во рамки на вториот повик објавен од Владата. вдј/вг/

Остани поврзан