• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Навивачите на Спортинг му порачаа на Ѓокереш: Нема да плачеме поради тебе

Навивачите на Спортинг му порачаа на Ѓокереш: Нема да плачеме поради тебе

 

Лисабон, 17 јули 2025 (МИА) – Навивачите на португалскиот првак Спортинг порачаа дека никој не е над интересите на клубот и нема да плачат за ниту еден фудбалер, откако напаѓачот Виктор Ѓокереш е блиску да го напушти тимот и да се пресели во Арсенал.

Ѓокереш неодамна објави дека сака да го напушти Спортинг и да се пресели во Арсенал, а британските медиуми објавија дека трансферот би можел да изнесува повеќе од 72 милиони евра.

Додека двата клуба преговараат, шведскиот фудбалер не се појави на тренингот на Спортинг минатиот петок, а претседателот на клубот, Фредерико Варандас, му се закани на Ѓокереш со дисциплинска мерка.

Спортинг вчера одигра пријателски натпревар со Селтик и загуби со 0:2 во Португалија, а навивачите на лисабонскиот клуб истакнаа два транспаренти како одговор на сагата околу Ѓокереш.

Како што објави весникот „А Бола“, на еден од транспаренти навивачите порачале: „Не плачам за оние што си заминуваат, среќен сум за оние што остануваат“.

Во второто полувреме, навивачите истакнале уште еден транспарент со порака: „Никој не е над интересите на клубот, без разлика кои се“.

Ѓокереш во 2023 година дојде во Спортинг од Ковентри и за португалскиот клуб досега одигра 102 натпревари на кои постигна 97 голови и освои две последователни шампионски титули. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан