• сабота, 23 ноември 2024

Англичаните загрижени за изборот на судија на натпреварот против Холандија

Англичаните загрижени за изборот на судија на натпреварот против Холандија

Дортмунд, 9 јули 2024 (МИА) - Англиските фудбалски фанови го изразија своето незадоволство поради назначувањето на германскиот судија Феликс Цвајер за полуфиналето на УЕФА ЕУРО 2024 против Холандија.

Според „Тајмс“, европската фудбалска централа дури размислува да назначи нов судија. Шефот на Судиската комисија при УЕФА, Роберто Розети во моментов е против овие планови и го брани изборот на 43-годишниот Германец.

Од Островот потсетуваат дека ѕвездата на репрезентацијата на Англија, Џуд Белингем, беше казнет во декември 2021 година поради навреда кон Феликс Цвајер и навестувања за неетичкото однесување на судијата. Ова се случи откако тогашниот тим на Британецот, Борусија Дортмунд загуби од Баерн со 2:3. 

Англиските медиуми потсетуваат дека во 2005 година, Феликс Цвајер беше дисквалификуван поради вмешаност во скандалот со поранешниот судија Роберт Хојцер.

Феликс Цвајер досега беше одговорен за три натпревари на УЕФА ЕУРО 2024, од кои еден беше победата на Холандија со 3:0 над Романија во осминафиналето. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан