• сабота, 27 јули 2024

АМС најави неколку проекти за подобрување на спортската инфраструктура во Крива Паланка

АМС најави неколку проекти за подобрување на спортската инфраструктура во Крива Паланка
Крива Паланка, 26 јануари 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска се сретна со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, при што беа најавени неколку значајни проекти за подобрување на спортската инфраструктура во градот.
Мојсовски и Митовски најавија изградба на фитнес зона на отворено кај спортскиот комплекс во градот, балон сала и повеќенаменско игралиште во селото Мождивњак. Мојсовски потенцира дека влогот во спортската инфраструктура е влог во здрава младина, идни спортисти и поддршка на македонскиот спорт.
Средства за изградба на планираните проекти и спортски содржини ќе бидат обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.
-Еден од моите врвни приритети, заедно со стручните служби од Општината, е да  продолжиме  да ја унапрдуваме и осовременуваме спортската инфраструктура и да создаваме квалитетни услови за развој на современ тренинг центар за подготовки и тренизи на младите спортисти од Крива Паланка и пошироко, изјави градоначалникот Митовски.
Во контекст на унапредување на спортската инфраструктура, во Општина Крива Паланка ќе се гради повеќенаменско игралиште во селото Мождивњак, ќе се уредуваат соблекувалните на градскиот стадион, а се разгледува можноста за затоплување на постојната спортска сала. ид/вг/

Остани поврзан